Никој не оспорил дека Бугарите треба да бидат дел од Уставот, вели Меџити
Мислам дека досега никој не оспорил дека Бугарите треба да бидат дел од Уставот, туку работата е во деталите. Да нема нови барања, да има некаква гаранција дека тука ќе се заврши, вели вицепремиерот Изет Меџити.
-Во принцип сите се ЗА. Тие се фактичка состојба, присутни се тука, ги има и на последниот попис и зошто да ги нема како заедница, заедно со другите заедници во државата – рече Меџити во Трилинг на прашањето дали премиерот ја подготвува домашната јавност за компромисно решение и конечно внесување на Бугарите во Уставот.
Според него, оваа Влада е проевропски ориентирана за да зачекориме по тој пат, за да, како што вели, фатиме чекор со Албанија и со другите.
-Политичкото прашање се уставните промени, односно да се вметне бугарската зедница во Уставот, но има доста делови коишто треба да се сработат во сите поглавја, во сите области. Тоа подразбира секаде. Администрација, животна средина, правна држава, и со тоа да се доближиме до европските стандарди – смета Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Меџити најави околу Нова година нови…
Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…
Меџити: Се залагаме во Македонија да не…
Демократско движење се залага во Македонија да…
Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно…
Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во…
Меџити: eден месец пред скандалот на Онкологија…
Имавме индиции дека во минатото се случила…