КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска ја славиме Св. новомаченица Злата Мегленска
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 октомври.
Денеска е Св. новомаченица Злата Мегленска.
Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи.
Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња.
Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.
Католички календар: Денеска е Св. Деметрије, Дмитар.
За неговиот живот не се знае многу. Неговите биографи наведуваат дека бил Римски офицер.
Кога станал христијанин, Римските власти го фатиле и бидејќи не се согласил да се откаже од христијанската вера, го убиле во 304 година, во Ширмиуму – денешна Сремска Митровица која по него го добила името.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска ја славиме Св.…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
Орбан: Брисел сака марионетска влада во Унгарија,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пиколомини го запалил Скопје…
На денешен ден, 26 октомври, во 1689…
Фон дер Лајен ја откажа средбата со…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Грција забележала 106 нарушувања на воздушниот простор…
Главниот штаб на грчката национална одбрана документираше…