Месина: Димитријевиќ се мачи – Евролигата се покажува пресилна за него!
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ не се прослави во мечот меѓу Олимпија Милано и Анадолу Ефес во Евролигата, откако на паркетот помина 13 минути, а притоа запиша само една асистенција.
Димитријевиќ го одигра најлошиот меч во дресот на Милано, по што веднаш доби критики од навивачите, меѓутоа и од неговиот тренер Еторе Месина.
„Нено во моментов има проблеми во нападот и одбраната. Евролигата се покажува пресилна за него. Мора да му помогнеме, негова работа е да нема изговори и секој ден да напредува. Во одбраната е сложено да се игра, но мора да му помогнеме“, кажа Месина.
Милано по пет одиграни меча се наоѓа на претпоследната позиција во Евролигата со една победа и четири порази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…