Неверојатно: Меси заработува повеќе пари од сите фудбалери во 22 екипи во МЛС-лигата!
Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси во Интер Мајами заработува повеќе пари од сите професионални играчи во 22 од 28 екипи во МЛС-лигата.
Синдикатот на фудбалери ги објави податоците со кои се потврдува дека Меси заработил 20,4 милиони долари откако Интер го обезбеди првото место во првиот дел од сезоната.
Интер Мајами троши најмногу пари на плати, односно 41,7 милиони долари, по што следи Торонто со 31,8 милиони долари, додека Лос Анџелес Галаски одвојува 22,1 милион долари, а Лос Анџелес ФК троши 22 милиони.
Освен овие екипи, постојат уште неколку тима во кои сите фудбалери заедно заработуваат повеќе од Меси, а тоа се Нешвил со 21,9 милиони, Синсинати со 21 милион и Хјустон со 20,5 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер кој туркал тротинет заврши со повреди,…
Тинејџер од Скопје тешко повреден откако вчера попладне…
Пукал со автоматска пушка, избегал со мопед,…
Полицијата го расчистува пукањето што се случи…
Сиљановска до младите: Земете ја сегашноста во…
Младите активно да бидат вклучени во процесите…
Средба на Муцунски со вршителката на должноста…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Струмичките земјоделци успешни со протестите – 30…
Постигнат е договор за пиперката – куртовска…