СДСМ бара Обвинителство да отвори истрага за поставувањето на Христовски на чело на АНБ

t

Опозициската СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори истрага, за како што велат, „незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ“.

„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава. Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот. Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот“, соопшти СДСМ.

СДСМ, поставувањето на Христовски за директор на АНБ го оценува како еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем и бара случајот целосно да биде расчистен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…