Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и специјалците на нозе, напаѓачот во бегство

t

Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен во денешниот напад во Австрија, поради што полицијата започнала голема операција.

Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.

Веднаш по страшното откритие, на местото се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигна и блиндиран автомобил „Кобра“.

Ловецот кој бил на нива или во шума, откако пукал се упатил во непознат правец.

Нападот се случил околу 9:15 часот.

Канцеларијата на гувернерот на државата, Томас Стелцер, потврди за Кроне во 9:45 часот дека е убиен градоначалникот на Кирхберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бројот на жртви во нападот во Грац…

Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…

Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…

Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…

Две европски земји воведоа забрана за влез…

На претседателот на Република Српска (РС) Милорад…

(Фото) Австрија завеана во снег 

Наместо пролетни температури, во некои делови на…