Норвешка купува американски ПВО системи во вредност од околу 362 милиони долари

t

Норвешка постигна договор со Америка за купување ракети за противвоздушна одбрана AIM-120C-8 AMRAAM вредни околу 362 милиони долари, соопшти денеска норвешката армија. „Со сè повеќе нови ракети, норвешките вооружени сили ќе имаат подобра способност да ја заштитат Норвешка од воздушни напади“, изјави норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, пренесе Ројтерс.

Ракетите првенствено се наменети за копнениот систем за воздушна одбрана на Норвешка, но можат да се користат и како проектили за борбени авиони Ф-35А. Норвешка, која е членка на НАТО и ја дели границата со Русија, вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана по почетокот на војната во Украина, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка подготвува штит против дронови на границата…

Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради…

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа повторно ја…

Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот…

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за вештачка…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за користење…