ЈСП промовираше нов начин на плаќање на билет – со СМС порака и без доближување до валидаторот
Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, промовираше нов начин на плаќање на билет за автобус, без потреба да се доближува телефонот до валидаторот.
Цената на билетот останува иста, односно 40 денари со вклучен ДДВ.
– Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“
– При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
– Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
– На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .
– Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:
“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“
“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”
“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”
“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”
“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”-велат од ЈСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
ЈСП ќе вози по неделен ред за…
ЈСП – Скопје информира дека по повод…
Повторно нападнат возач на ЈСП додека управувал…
Нов напад на возач на автобус на…
Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон…
Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…
Човек кој немал билет нападнал и тепал…
Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа…