Скандинавските земји го поддржаа „Планот за победа“ на Зеленски
Премиерите на Исланд, Данска, Норвешка, Финска и Шведска го поддржаа „Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски и порачаа дека ќе продолжат да го поддржуваат Киев.
„Ќе работиме да придонесеме за спроведување на „Планот за победа“. Ќе работиме и на зајакнување на позицијата на Украина, пред вториот мировен самит, со цел праведен и траен мир заснован на меѓународното право, вклучувајќи Повелбата на ОН, која ги почитува суверенитетот, независноста и територијалниот суверенитет и интегритет на Украина“, се вели во заедничката изјава на шефовите на влади по четвртиот нордиско-украински самит во Рејкјавик.
Во соопштението објавено на веб-страницата на норвешката влада, тие исто така повторија дека идното место на Украина е во НАТО и порачаа дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина на нејзиниот „неповратен пат кон целосна евроатланска интеграција“, вклучително и членство во Алијансата.
Притоа, премиерите изразија уверување дека идното членство на Украина ќе претставува значаен придонес за Европската унија, како и за мирот, стабилноста и просперитетот во Европа.
„Го поздравуваме отворањето на преговорите за пристап во ЕУ со Украина. Ги засиливме нашите заеднички напори за поддршка на пристапот на Украина во ЕУ“, се вели во соопштението.
Нордиските земји го истакнуваат својот интерес за натамошен развој на соработката со украинската одбранбена индустрија и досега се обврзаа да издвојат 195 милиони евра за набавки преку украинската одбранбена индустрија.
Еден од можните извори на финансирање за таквите иницијативи би можеле да бидат приходи од замрзнати руски средства, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…