(Видео) Нови критики за Реал и Винисиус: Ова е разликата меѓу господин и кретен!
Шпанскиот репрезентативец Родри ја освои „Златната топка“, но главна тема е потегот на Реал Мадрид кој реши да ја бојкотира церемонијата во Париз за доделување на престижната награда.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез ѝ забрани на делегацијата да патува во Париз, а поради тоа пристигнаа голем број реакции на социјалните мрежи.
Таа ситуација ја искористија и навивачите на Атлетико Мадрид за да го прикажат Антоан Гризман како господин.
Францускиот фудбалер во 2018 година остана без „Златната топка“, иако со Франција ја освои светската титула, а наградата му припадна на Лука Модриќ.
„Сите знаете што се случи во 2018 година. Модриќ ја освои наградата пред Гризман, кој беше светски шампион. Без разлика на тоа, Гризман беше во публика и му аплаудираше на победникот. Тоа е разликата меѓу господин и кретен“, напиша навивач на Атлетико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварец се обидел да спречи тепачка меѓу…
Гостиварец бил физички нападнат додека се обидувал…
Иран егзекутира млада жена: тврдела дека убила…
Иран егзекутира млада жена која тврдела дека…
Речиси секој четврти Македонец е пушач –…
Македонија се наоѓа во групата земји со…
10 земјотреси во светот во 2026 година…
Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди…
(Видео) Царината спречи шверц на 3.000 игли…
На граничниот премин Блато спречен е обид…