Со самострел, во близина на детска градинка и игралиште во Хиподром стрелал во маалски животни

t

Анима Мунди со вознемирувачка објава на социјалните мрежи апелира најстрого да се казни сторителот кој според нив од чиста забава и во повеќе наврати со самострел нишани и застрелува мирни маалски животни, мачиња и кучиња, во Хиподром, во околина на детската градинка Пони, основно училиште „Вера Јоциќ“и детските игралишта кои се полни со деца, пред кои и се застрелани нивните маалски миленици!

„Ова е кутре Нуну, локален миленик, мирна да помирна нема, куче кое децата го обожуваат – изложено на болка и страотно страдање ; за среќа сакано и веднаш му е укажана ветеринарна помош. На мачките е стрелано при што се предизвикани и многу посериозни рани, а во еден случај луѓето не успеале да го фатат застреланото и преплашено животно, кое останало со метална стрела во телото“ пишуваат од здружението

Во објавата се вели дека граѓаните веќе го имаат пријавено овој настан во полициската станица во Автокоманда. Информациите според нив се дека се работи за 18 – 19 годишно момче од населбата кое е посочено како можен сторител.

„Додека насилството врз животните не се препознава и третира како сериозна психосоцијална девијација и опасност по сите, додека не се превземат најстроги мерки , додека во државни рамки не се промовира соживотот помеѓу човекот и другите живи битија, хуманоста и емпатијата не се поттикнуваат и учат од мали, а ваквите случаи ќе бидат се позачестени и ќе ескалираат многу пошироко. Во случајов секое дете, жител на населбата, случаен минувач е потенцијална жртва на некој кој има без двоумење психосоцијален проблем, решил да се изживува, се осмелил да пука во живи мети и делото го повторува веќе најмалку 5 пати во една седмица“, велат од Анима Муди

Од таму уште еднаш ги повикаа на итно постапување службите на МВР да се пронајде сторителот кој според нив нема никаква намера да запре со ваквото однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…