Нема друго чаре за Зеленски: Украина наскоро ќе мобилизира 160.000 луѓе
Украина планира наскоро да мобилизира 160.000 луѓе за да ги пополнат редовите на својата армија.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, вкупно се мобилизирани еден милион и 50.000 граѓани, рече Александар Литвиненко, секретар на Советот за безбедност и национална одбрана и најави дека сега „се планира да се мобилизираат дури повеќе од 160.000 луѓе“.
Овој најнов бран на мобилизација ќе биде завршен за три месеци, изјави за АФП извор од безбедносниот сектор.
Русија денеска објави дека освоила уште три села и два града во источниот украински регион Донбас, каде што нејзините сили забрзано напредуваат последните денови, бидејќи претседателот Владимир Путин го прогласи заземањето на таа индустриска област за приоритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…
Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…
ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…
*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…
Скопјанец со возило сакал да ја прегази…
Уште еден случај на семејно насилство во…
Први ефекти од војната меѓу Израел и…
Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…