Трагедија: Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70

t

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода…

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…

Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…