Објавено на:

Прашање на денови е кога Иран ќе го нападне Израел?

t

Техеран планира да се одмазди за минатонеделното израелско бомбардирање на Иран пред претседателските избори во САД на 5 ноември, објавија повеќе светски медиуми во средата и четвртокот, повикувајќи се на анонимни извори.

Во последната ескалација на Блискиот Исток, Израел минатата сабота изврши серија напади врз цели во Иран. Нападот беше одговор на проектилите истрелани од Иран врз еврејската држава на почетокот на октомври.

Голем број американски новински куќи укажаа дека одговорот на Иран би можел да дојде за неколку дена.

„Одговорот на Исламската Република Иран на агресијата на ционистичкиот режим ќе биде конечен и болен“, напиша во средата Си-ен-ен.

Изворот на Си-ен-ен не наведе точно време за нападот, но посочи дека тоа „најверојатно ќе се случи пред денот на претседателските избори во САД“ закажани за 5 ноември. Најмалку тројца високи ирански функционери, исто така, ветија одмазда за последниот израелски напад во изјавите во четвртокот, иако никој не спомена временска рамка.

Главниот командант на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Хосеин Салами, вети „незамислив одговор“ на нападот во говорот цитиран од новинската агенција Тасним.

Заменик-командантот на ИРГЦ Али Фадави рече дека иранскиот одговор е „неизбежен“.

„Повеќе од 40 години, никогаш не оставивме ниту еден напад без одговор“, изјави тој за либанската новинска агенција Ал Мајадин во четвртокот.

Мохамад Мохамади Голпајегани, висок помошник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Иран ќе даде „строг одговор“ на израелскиот напад.

Два израелски извори изјавија за Аксиос дека разузнавачките податоци укажуваат на тоа дека Иран планира напад во наредните денови, потенцијално пред изборите во САД.

Ирански извори за Њујорк тајмс, сепак, наводно рекле дека нападот е поверојатно да се случи по изборите, за потенцијално да не се подобрат шансите за реизбор на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Хамнеи нареди подготовки за одмазднички напад откако оцени дека штетата што ја нанел Израел е премногу голема за да се игнорира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прашање на денови е кога Иран ќе…

Техеран планира да се одмазди за минатонеделното…

Лавров: Русија и Иран ќе потпишат договор…

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…

Москва е подготвена да помогне во воспоставувањето…

Москва е подготвена да помогне во воспоставувањето…

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс денеска ќе…

Високи американски функционери, вклучително и директорот на…

Израелските тајни служби размислуваат да издвојат околу…

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…