Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба
Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху, во говорот пред новите воени офицери, рече дека Израел има невидена слобода на дејствување по недамнешните воздушни напади врз Иран, пренесе „Ројтерс“.
„Денес, Израел има повеќе слобода на дејствување во Иран од кога било. Можеме да стигнеме на кое било место во Иран ако е потребно“, нагласи Нетанјаху.
Според него, примарна цел што им ја дал на израелските одбранбени и безбедносни сили е да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје.
Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја.
Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…
Израел е способен да постигне каква било…
Прашање на денови е кога Иран ќе…
Техеран планира да се одмазди за минатонеделното…
Москва е подготвена да помогне во воспоставувањето…
Москва е подготвена да помогне во воспоставувањето…
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс денеска ќе…
Високи американски функционери, вклучително и директорот на…
Израелските тајни служби размислуваат да издвојат околу…
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…