Објавено на:

Реал Мадрид донира еден милион евра за жртвите од поплавите во Валенсија

t

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој требаше да се игра во шпанското првенство и официјално е одложен поради катастрофалните поплави кои ја погодија Валенсија, терминот во кој ќе се одигра средбата засега не е одреден.

Во оваа природна катастрофа според последните информации над 150 луѓе ги загубија своите животи, па така спортот е во втор план.

Реал Мадрид во овие тешки моменти за градот Валенсија одлучи да донира еден милион евра за најпогодените од големата природна катастрофа.

„Реал Мадрид заедно со „Црвен крст“ започна акција за собирање на средства за погодените од поплавите. Клубот донира еден милион евра за оние кои се наоѓаат во критична состојба“, стои во соошштението од „Бернабеу“.

Поплавите кои ја погодија Валенсија се една од најголемите природни катастрофи со кои се соочила Шпанија во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реал Мадрид донира еден милион евра за…

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…

Трагедија: Бројот на жртвите од поплавите во…

Бројот на загинати од силните поплави во…

Барселона ги понижи „кралевите“ среде Мадрид

Фудбалерите на Барселона дојдоа до огромна победа…

Бројот на загинати во поплавите во Босна…

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави…

Расте бројот на жртвите од поплавите во…

Денеска е Ден на жалост на целата…