Објавено на:

Директорот на Ургентниот центар во Нови Сад: Вакви повреди настануват само во воени услови

t

– Се врши интензивен мониторинг, но повредите се такви, тие се во тешка општа здравствена состојба – изјави Николиќ.

Како што изјави лекарот, на пациентите кои се повредени во тешката несреќа на Железничката станица во Нови Сад им се пружа сета потребна нега и се прави сѐ за да се спасат.

– Се спроведува интензивен конзервативен третман, дополнителна дијагностика, лабораториски снимања, нови хируршки процедури во однос на откриените повреди. Вакви тешки повреди се среќаваат само во воени услови, тие бараат континуиран мониторинг – рече тој.

Тој истакна и дека никој од тројцата повредени не е свесен и дека се приклучени на механичка вентилација.

– Знаеме сѐ за нивната здравствена состојба и тоа не е спорно, тоа се обемни повреди на повеќе органски системи, бараат многу внимателен начин на нега, даваме сѐ од себе и мислам дека имаме резултати во однос на тоа. Но секогаш ќе бидам внимателен поради големите повреди за кои станува збор – истакна директорот.

Тој додаде дека нема да зборува за индивидуалната состојба на секој од пациентите, но дека целиот тим е многу добро упатен во нивната состојба.

– Општата и стручно-медицинската проценка е дека општата здравствена состојба е сериозна или поточно опасна по живот – вели Николиќ.

На крајот истакна дека има залиха на крв, но дека не е лошо да ја има и во резерва.

– Имаме крв, но никогаш не е лошо да ја имаме во резерва, за луѓе со добра волја, а видовме дека ги има многу, да даваме крв и со тоа да им помагаме на другите луѓе – заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…