КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов

t

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов.

Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак.

Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. Бил епископ во Ерусалим и ја составил првата Литургија.

Евреите го почитувале многу заради неговиот свет живот, па го нарекле Јаков Праведниот. Но, истите Евреи го фрлиле од покривот на храмот, затоа што ја исповедал верата во Христовата божественост. Свети Јаков пострада за Христа во првиот век.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Емерик.

Роден е во Унгарија во почетокот на единаесеттиот век, како син на првиот Унгарски крал Стјепан кој црквата го прогласила за светец. Својот син Емерик кој требало да го наследи кралскиот престол го воспитувал во побожност, моралност и добрина. Емерик како принц имал можност да живее раскошно, но ги прифаќал упатствата на неговиот татко и живеел скромно, развивајќи ги кај себе сите добрини.

Кога бил на лов, несреќно загинал во триесеттата година од `ивотот. Поради светиот живот бил прогласен за светец. На Емерик му се молат младите за помош, со цел да ги послушаат постарите и своите старатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…

Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…

Студентската листа води на изборите во Србија…

Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…

(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…

Ширум Србија се слави за победата на…