Српска Листа: Со Трамп ќе престане прогонот на Србите во Косово
Најголемата партија на косовските Срби, Српска Листа (СЛ) изјави дека е „охрабрена“ од победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, додавајќи дека „српскиот народ секогаш бил со претседателот Трамп“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Партијата која е поддржана од Белград, соопшти дека верува оти со враќањето на Трамп на чело на САД ќе престане „систематскиот прогон на српскиот народ“ во Косово и дека ќе се инсистира на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.
„Српска листа во името на српскиот народ од Косово му честита на Доналд Трамп за неговата убедлива победа и неговиот избор на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, убедена дека добрите односи и соработка меѓу САД и Србија, изградени во неговиот прв мандат, дополнително ќе се подобрува и зајакнува. Веруваме и очекуваме дека положбата и проблемите на српскиот народ на Косово ќе бидат во полн фокус, убедени дека администрацијата на претседателот Трамп нема да дозволи продолжување на систематскиот прогон на српскиот народ од вековните огништа во Косово, како и дека ќе инсистираат да се почитуваат основните човекови и политички права на српскиот народ, но и сите потпишани договори, особено оној што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини. Српскиот народ отсекогаш бил со претседателот Трамп, затоа е искрено охрабрен од оваа историска победа!“, се вели во соопштението на СЛ.
Српскиот политичар од северно Косово, Александар Арсенијевиќ претходно на платформата „Х“ објави фотографија од северот на Митровица со постер на Трамп, кој бил истакнати по веста за неговата победа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српска Листа: Со Трамп ќе престане прогонот…
Најголемата партија на косовските Срби, Српска Листа…
Кривична пријава против лица кои ја отвориле…
Српската политичка партијата Заедно најави дека ќе…
Дачиќ: Косово нема шанси да стане членка…
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…
Курти: Србија секогаш ќе претставува закана за…
Премиерот на Косово, Албин Курти за време…
Ден на жалост во цела Србија
Во цела Србија денеска е Ден на…