Ексклузивно: Возила на Агенцијата за разузнавање учествувале во верижен судир – МВР молчи за случајот!

t

Две возила на Агнецијата за разузнавање биле дел од верижен судир во текот на вчерашниот ден во Капиштец, дознава Инфомакс од сопствени извори.

Според нашите информации две возила на Агенцијата за разузнавање, од кои едното во употреба на директорката на агенцијата, Габриела Јаковлева, било неправилно паркирано пред угостителски објект во Капиштец додека странска делегација била на ручек заедно со директорката. Двете возила на АР биле непрописно паркирани на тротоар, поради што го блокирале сообраќајот и во нив удрило возило по што настанал верижен судир. За среќа во настанот нема жртви, но според нашите информации имало повредени лица.

Жртви немало, но како што велат нашите извори возилата имаат голема материјална штета, а се работи за скапи возила. Ова не е единствен случај на уништено возило на Агенцијата за разузнавање, бидејќи според нашите извори неодамна и возилото кое го употребува заменичката на директорката на Агенцијата исто така било оштетено во незгода.

Ние побаравме информација од МВР дали незгодата е пријавена во МВР и какви мерки се преземаат, меѓутоа официјален одговор не добивме, а иако нашите извори велат дека случајот е пријавен во МВР, истиот не е дел од дневниот билтен кој го објавува Министерството.

Вработените во АНБ и Агенцијата за разузнавање досега напишаа две отворени писма за состојбата во двете агенции, писмата прочитајте ги на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Теологот Асани назначен за заменик директор во…

Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…

Француското разузнавање бара откажување на церемонијата за…

Генералниот директорат за внатрешна безбедност на Франција…

Moрнарицата на САД: Кина има 200 пати…

Во протечениот извештај од американското морнаричко разузнавање…

Познатиот новинар Херш: Проблемите во американското разузнавање…

Проблемите во работата на американската разузнавачка заедница…

ЦИА ги повикува Русите да ѝ достават…

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) преку видео…