„Гардијан“: Општините во Англија можат да воведат четиридневна работна недела
Општините во Англија сега имаат право да воведат четиридневна работна недела, откако новата лабуристичка влада ги отфрли приговорите на конзервативците, кои сметаа дека моделот може да има негативно влијание врз ефикасноста на работата и квалитетот на услугите.
Една 15-месечна студија спроведена во општината Јужен Кембриџшир покажа дека работната ефикасност на вработените во текот на четиридневната работна недела главно се подобрила или останала на исто ниво, додека општината исто така заштедила повеќе од 445.000 евра за една година, објави „Гардијан“.
Градоначалничката Бриџит Смит истакна дека резултатите од експериментот биле позитивни, со подобрувања во многу услуги, како и дека општината заштедила значителни средства од даночните обврзници и го подобрила вработувањето и задржувањето на работната сила, а истовремено го подобрувала здравјето.
Министерството за домување, заедници и локална самоуправа соопшти дека секоја општина има право да ја организира својата работна сила како што сака.
Транспорт за Лондон (TFL) исто така планира да воведе четиридневна работна недела за возачите на метро од следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Гардијан“: Општините во Англија можат да воведат…
Општините во Англија сега имаат право да…
Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во…
Обилни врнежи и поплави погодија делови од…
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Осум луѓе избодени со нож во Англија
Британската полиција уапси маж откако тој избоде…
Победникот на вечерашното европско првенство ќе добие…
Шпанската фудбалска репрезентација вечерва има можност да…