Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји
Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на нордиските и балтичките земји за да разговараат за трансатлантската соработка и војната во Украина.
Туск нагласи дека иднината на помошта за Украина е едно од клучните прашања со кои се соочува Европската унија, особено по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Трамп го критикуваше нивото на американската поддршка за Украина во војната, а пред изборите вети дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, без да наведе детали како ќе го направи тоа.
– Нема сомнеж дека оваа нова политичка рамка е сериозен предизвик за сите, особено во контекст на можен крај на војната меѓу Русија и Украина, можеби преку договор меѓу претседателот на Русија и новиот претседател на САД, рече Туск.
Тој рече дека Макрон и Руте ќе ја посетат Варшава, како и дека ќе има средба со Стармер и дека ќе се одржи или во Варшава или во Лондон, а планира да се сретне и со лидерите на нордиските и балтичките земји во Стокхолм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…