ЗАТВОРЕНИК ИЗБЕГА ОД КУМАНОВСКИОТ ЗАТВОР! Го пуштиле на викенд со негативно мислење од воспитувач, претходно бегство и активни кривични постапки против него!
Затвореник, пуштен на слободен викенд со негативно мислење од воспитувач избега од кумановскиот затвор, дознава Инфомакс.
Ова е второ бегство на осуденикот Д.Ј. од Кочани, кој беше приведен во јули годинава, а при неговото приведување осуденикот нападнал полицаец кој се здоби со телесни повреди поради нападот.
Инфомакс минатиот петок објави дека осуденик за кој се водат повеќе кривични постапки е пуштен на викенд од кумановскиот затвор, иако воспитувачот дал негативно мислење.
Според информациите на Инфомакс, затвореникот бил пуштен на викенд поради смртен случај во неговото семејство и требало да се врати во затворот во недела во 11 часот, но истиот до овој момент не е вратен во затворот, а од затворот и Управата за извршување на санкции се уште не е издадена наредба за потерница и апсење на осуденикот, што е услов за постапување на надлежните и пронаоѓање на бегалецот.
Како што кажавме претходно, според нашите информации матичниот воспитувач на осуденикот дал писмено негативно мислење за пуштање на осуденикот на слободен викенд.
Осуденикот инаку се гони за напад на службено лице, спречување на службено лице во вршење на должност (напад на полицаец при апсење во Кочани), тешки кражби, загрозување на сигурноста, напад на малолетно лице, злоупотреба на лични податоци…
Затворот, пред да пушти осуденик на слободен викенд, покрај мислењето на воспитувач, треба да побара и податоци од надлежни судови дали против осуденикот се водат постапки за сторени други кривични дела, покрај казната која ја отслужува.
Кој и зошто го пуштил осуденикот на слободен викенд иако воспитувач дал негативно мислење и против него се водат кривични постапки, а веројатно и можело да се претпостави дека лицето ќе се обиде да избега од затворот и да избегне отслужување на казната, останува на надлежните органи да утврдат.
Според непотврдени информации на Инфомакс, комисијата за погодности во затворот денеска имала состанок, на кој се зборувало за, практично извлекување на затворот од ситуацијата која самата управа ја создала, односно пуштањето на затвореникот на викенд иако согласно закон истиот не смеел да биде пуштен на слободен викенд. За содржината на разговорот на состанокот нема да пишуваме, меѓутоа според извори на Инфомакс комисијата би можела да преземе незаконски дејствија, во врска со документација за избеганото осудено лице, со цел оправдување на затворот за ослободувањето на затвореникот на викенд.
И овие информации би требало да бидат проверени од надлежните органи, како и од Обвинителството, а дополнително би требало да се провери зошто цел еден ден Управата за извршување на санкции и кумановскиот затвор не распишуваат потерница за избеганото осудено лице, по која МВР би требало да постапи и да го обезбеди лицето.
Инфомакс претходно објави и за катастрофалните услови во кумановскиот затвор, по што управата решила да им се одмазди на двајца затвореници поради сомневање дека тие ги доставиле објавените информации до Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
„Излета низ прозор и се спушти по…
Синот на Цеца, Велјко Ражнатовиќ, избегал од…
Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…
Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…
Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…
Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…
Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…