Конечно забранета употребата на знамето на УЧК – мечевите на Чаир ќе се прекинуваат

t

На сите досегашни прволигашките натпревари на Чаир 2030 сезонава на домашен терен, не можеше да не се забележи знамето на терористичката организација УЧК на средина од салата „Шабан Трстена“, но дури по четвртиот меч се најде храбар делегат за да реагира и да го пријави ова во својот извештај до Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Најхрабра од сите свои колеги излезе единствената дама која ја извршува делегатската функција, Елена Велкоска, која уште пред почетокот на саботната средба помеѓу Чаир и Вардар реагирала да се отстрани знамето. Тоа било направено и натпреварот почнал, но набрзо потоа симболот на УЧК повторно бил вратен на централната позиција на што немало реакции од официјалните лица, на средбата завршила без други проблеми. Иако Велкоска ова уредно го навела и прва меѓу колегите правилно реагирала, таа дури е опомената од комесарот Александар Милојевиќ дека не го прекинала во целост натпреварот како што предводуваат Пропозициите.

Ова и би било исправно, ако Милојевиќ претходно (или дополнително) му изрекол казна на делегатот на средбата на чаирчани против МЗТ Скопје, кој воопшто не реагирал на присуството на знамето на УЧК, ниту, пак, пишал во извештајот иако тоа е видливо на фотографиите од овој натпревар. Истото се однесува и за официјалните лица на претходните дуели против Кожув, Шкупи, ако замижале пред овој терористички симбол, нормално ако тој бил присутен со оглед што нема фотографии од овие натпревари.

Најпозитивно е што опомената за Велкоска може да ги „отрезни“ сите нејзини колеги кои во иднина ќе бидат делегати на домашните средби на Чаир 2030 навреме да реагираат и во целост да ги применуваат одредбите од член 35.2, кои предвидуваат прекин на средбите во случај на „истакнување на знамиња, симболи, амблеми или пароли со текстови кои директно навредуваат по верска, национална и расна основа и кои поттикнуваат на насилство, или пароли кои и содржат неспортска содржина и исмејување на поединци, екипи или организации“.

Чаир 2030 овој пат помина само со парична казна од 16.000 денари за „истакнување на пароли со неспортска и национална содржина“, како и со дополнителни 4.000 денари за настап на кошаркарите со чорапи во различни бои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…

Со оглед на интересот на јавноста во…

Укинати забраните за тешки товарни возила на…

Од 13:00 часот се укинуваат забраните за…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни…

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство…