Циркус во Тексас: Мајк поразен од јутјубер во најсмешната борба во кариерата

t

Мајк Тајсон, еден од најлегендарните боксери во историјата, по 21 година повторно се врати во рингот, но доживеа пораз во ноќешната пресметка од Џејк Пол, триесет години помлад јутјубер, во меч одржан пред 72.000 гледачи во САД и тоа по едногласна одлука на судиите.

Две години љубителите на боксот од целиот свет го очекуваа враќањето на Тајсон, откако се појавија вести за негов дуел со популарната интернет ѕвезда. Подготовките траеја долго, а борбата беше неколкупати одложувана, но конечно, во ноќта меѓу петок и сабота, спектаклот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, Тексас. По осум рунди борба, судиите пресудија во корист на Пол. „Челичниот Мајк“ во првите две рунди успеа да му нанесе значителна штета на својот противник, но младоста и издржливоста на неговиот ривал ја направија разликата. Со текот на борбата, јутјуберот ја преземаше контролата, а старецот и покрај обидите за пресврт во седмата рунда, немаше доволно сили да го избегне поразот. Пол го заврши мечот самоуверено, обезбедувајќи ја својата 11-та победа во боксот.

Борбата привлече огромно внимание, но многумина сметаат дека целиот настан бил повеќе спектакл отколку спортски натпревар. По мечот, Џејк Пол, кој претходно често го провоцираше и омаловажуваше Тајсон, му се поклони и дури го бакна, со што покажа дека непријателството било дел од шоуто. Бокс-фанатиците изразија разочараност од квалитетот на борбата, додека неутралните гледачи беа незадоволни од организацијата. Преносот на платформата „Нетфликс“ постојано паѓаше, поради што над 250 милиони луѓе не успеаја да го следат натпреварот во живо.

Спектаклот во Тексас, иако привлече глобално внимание, остави многу прашања за иднината на ваквите „шоу-бокс“ настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…

Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…

Морам да напоменам дека обраќањето не беше…

Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…

Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…