Левица: Се крати од ранливите категории за набавка на оружје

t

Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во Буџетот – е алармантен показател за приоритетите на оваа власт, реагираат од Левица. Буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13%, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува неверојатни 40%!

Економската стратегија на актуелната Влада не само што е заснована на истиот модел од претходната на ДУИ и СДС, туку одлучи и да крати од ранливите категории. Особено е алармантно што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6%, што значи 245,401 денари помалку. За споредба, буџетот во одбраната, достигнува рекордни 20,5 милијарди денари. Ова е класична илустрација на владините приоритети.

Дополнително, додека македонските граѓани дишат најзагаден воздух во Европа, изгорена е вкупно 4% од територијата на земјата за само едно лето – во делот за заштита на животната средина, буџетот за квалитет на воздухот е намален за вртоглави 33,1%, што не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку и директно ќе нанесе сериозни последици врз здравјето на населението.

Левица направи голем број на амандмански интервенции, каде се предлагаат алтернативи за поинаква, поефикасна и поодржлива распределба на средствата.

Наместо милијардите за воена опрема и вазалско следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренасочат во фондови за социјална заштита и влог во екологијата, кои имаат егзистенцијално значење за голем дел од населението, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…