Истрага за опожарено кафуле во Кисела Вода: Штетата е преку 450.000 денари
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против две лица, а по уште едно трага во врска со намерно опожарување на угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.
На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.
На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото.
Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Истрага за опожарено кафуле во Кисела Вода:…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против…