Галушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина
Русија нападна капацитети за производство и пренос на електрична енергија на целата територија на Украина, објави на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.
-Во тек е уште еден масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура. Непријателот ги напаѓа капацитетите за пренос и производство на електрична енергија низ целата земја. Операторот на системот пристапи кон итно итно исклучување на напојувањето, посочи Галушченко.
Тој додаде дека каде што е можно, екипите за итни случаи и спасување и енергетските тимови вршат увид за да се проценат штетите и последиците од нападите.
Како превентивна мерка поради нападот, претходно беше пријавен итен прекин на електричната енергија во главниот град Киев, регионите на Киев, Доњецк и Дњепропетровск.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…
Советот на Европската унија одобри исплата на…
(Видео) Трамп: Путин е поблаг во однос…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Филипче: Протестот во Охрид утре ќе се…
Најавениот протест на Форумот на жени на…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата во Струга е забранета за пиење…
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата…
На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско…