Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади
Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.
– Нуклеарните постројки не беа директно погодени од руските напади, но станиците поврзани со нив се оштетени, рече Рафаел Гроси, пренесува ДПА.
По разговорот со шефот на украинските регулаторни тела, тој посочи дека само два од деветте оперативни нуклеарни реактори во земјата моментално произведуваат со полн капацитет.
– Енергетската инфраструктура на земјата е исклучително ранлива, што директно влијае на нуклеарната безбедност, рече Гроси, додавајќи дека од суштинско значење е нуклеарните централи да имаат безбедно снабдување со електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина го намалува производството на струја од…
Украинските нуклеарни централи го намалија производството на…
Лани во Македонија 604 предвремено родени бебиња,…
Лани во државата имало вкупно 604 предвремено…
Северна Кореја би можела да испрати до…
Северна Кореја би можела да испрати до…
Турчин збеснал во казино во Центар, еве…
На 17.11.2024 во 03:00 часот, полициски службеници…
Шолц: Нема да се носи одлука за…
Германскиот канцелар Олаф Шолц, критикуван за неговиот…