Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети, тоа ќе ја продлабочи нивната вмешаност
Доколку СAД и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на ракети, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина, пренесува руска новинска агенција.
Песков посочи дека наводите за дозволата од САД се уште не се официјално потврдени. Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател има намера да продолжи да предизвикува тензии во Украина.
„Знаете, сè уште има извештаи во западните медиуми, но јасно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера да преземе чекори за да продолжи да долева масло на огнот и да предизвика дополнителна ескалација на тензиите во врска со овој конфликт“, рече Песков.
Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата во Струга е забранета за пиење…
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата…
На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско…
Технички проблеми кај банкарските гиганти во САД:…
Клиенти на „Џеј Пи Морган Чејс“, „Банк…
Хрватска има нафта само за 75 дена:…
Во јули, Хрватска беше меѓу 13-те членки…
Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба…
Романија ќе побара од земјите-членки на Европската…