Пукање во Гостивар поради нерасчистен долг!

t

66-годишен жител на гостиварско пукал во речиси двојно помлад човек поради наводен нерасчистен долг, соопшти полицијата.

„На 17.11.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско. Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми“, велат од МВР.

По документирањето на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…

Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…

Девојче на возраст од девет години од…

Пукање во село Горна Матка, повреден жител…

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…