Рама чести новогодишен бонус за пензионерите
Албанскиот премиер Еди Рама денеска, објави, како што ја нарече, одлична вест за пензионерите, кои ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите.
За таа цел, додаде, владата во наредните денови ќе издвои фонд од 100 милиони евра.
-Овој бонус ќе биде на две нивоа: Сите пензионери кои имаат пензија до 20 илјади лека или 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 20 илјади лека ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра, рече Рама.
Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него, не се прави за да се даде “помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија“
-Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Точно, 511 илјади, каде покрај 400 илјади 500 баби и дедовци, опфатени се и 65.800 трудови инвалиди и 44.600 корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери нагласи премиерот Рама.
Тој вети дека владата планира исплата на бонус за пензионерите и во месец март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…
Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…
Рама го пофали Курти за прифаќањето на…
Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…
Рама: Разочаран сум од ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…
Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…
Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…
Рама: Имаме највисоки цени на гориво во…
Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во…