Повозрасна битолчанка измамена за 10 илјади евра преку Фејсбук
Вчера во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата.
Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повозрасна битолчанка измамена за 10 илјади евра…
Вчера во 13.45 часот во СВР Битола,…
На кратко паднаа Фејсбук и Инстаграм
Корисниците ширум светот пријавуваат проблем со услугите…
ЕУ започна истрага против МЕТА: „Фејсбук и…
Европската унија започна истрага против Мета, сопственикот…
Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…
Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…
Повторно падна Фејсбук…
Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…