Почна сослушувањето на уапсените за трагедијата во Нови Сад

t

Дел од уапсените за трагедијата што се случи на 1 ноември на Железничката станица, кога поради уривање на настрешницата животот го загубија 15 лица, се донесени на распит во Обвинителството во Нови Сад.
Дванаесетте приведени се во полициската станица на улица Радничка во Нови Сад. Дел од нив се донесени на распит во Обвинителството, јавува РТС.


Не се знае дали сите ќе бидат сослушани денеска, по што судот ќе одлучува за евентуалниот притвор.
Обвинителството во четвртокот попладне соопшти дека во врска со трагедијата се уапсени 12 лица, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека се уапсени 12 лица, а уште едно лице е во странство.
Во трагедијата што се случи на 1 ноември, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 15 лица, а двајца се уште се во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…