(Видео) Пивоваров: Полиграф е едно од решенијата за корумпираните македонски граници!
Сивата економија во Македонија на годишно ниво е милијарда и 200 до милијарда и 400 милиони евра, а тоа е голем проблем, вели во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс, Владимир Пивоваров, поранешен национален координатор за гранично управување.
– Во делот на акцизите е најголемиот дел од губитоците на државата, тоа е уставна категорија, секој е должен да плати и многу е едноставно, побарајте меѓународна помош колку од кај нив излегла стока, колку кај нас влегла, едноставно.
Работата е закочена од горе до доле, секој допис што ќе го пратевме до одредена институција, ќе се јавеа после 120 дена и велат супер вие што доставивте, ќе почнеме истрага ама доставете ни ги снимките, а знаат дека по закон е 30 дена. И не е проблем еднаш да погрешат, проблем е што секој следен акт така продолжува, истакна Пивоваров.
Решението е полиграфско тестирање е решение за проблемот, истакна Пивоваров.
– Јас предложив решение, не само кај нас туку и во Брисел. Секаде границите се корупмирани, има и покорумпирани граници и тоа во самата ЕУ. Предложив, тоа се високоризични работни места, единствено решение е дерогација на правото, во високоризични работни места господата седнуваат на полиграф. Тоа е форензичка мерка, не е цврст доказ, но тоа може да се достави до јавен обвинител, истакна Пивоваров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…
Целата приказна со Кочани е доста интересна…
Мицкоски разоткрил агент на „најмоќната странска служба“?!…
На Мицкоски не му кажале дека тие…
Пендаровски двапати бил во Кочани: Запалив свеќа…
Јас како поранешен претседател бев двапати во…
Пендаровски: Никогаш не постоел план за враќање…
Човекот кој го извади муабетот за „евентуално…
Пендаровски: Му верувам на Мицкоски за една…
Албанците и Бугарите се главна тема на…