Таеквондистот Теодор Стојановски на прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски
ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ ДЕНЕСКА БЕШЕ НА ПРИЕМ КАЈ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Македонското олимписко таеквондо го води врвниот спорт во државата ! Денеска во својот кабинет не прими министерот за спорт Борко Ристовски. Министерот Ристовски на европскиот кадетски вицешампион му посака многу успех понатака и истакна дека тој лично и министерството му честитаат за врвниот спортски успех во олимписки спорт. Министерот исто така додаде дека Теодор во иднина ќе добие сериозна поддршка од министерството за спорт, се со цел македонија да добие нов олимпиец со олимписка норма. Теодор Стојановски од ТК Бутел беше сребрен медалист на официјално европско кадетско првенство во олимписко таеквондо, елиминирајки ги репрезентативците на Кипар, Украина и Британија. ЕП се пдржа во Тирана, Албанија.
Македонското олимписко таеквондо продолжува да диктира високо темно на врвен спорт, да поставува критериуми за релевантни врвни спортски успеси.
ЗА МАКЕДОНИЈА, истакна Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…