МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути

t

Во последниот период се почести се измамите поврзани со наводни инвестиции со криптовалути, преку кои граѓаните стануваат жртви на сајбер криминал. И Министерството за внатрешни работи и банките во земјава предупредуваат на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги. Од банките посебно предупредуваат да се избегнува инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите кои се користат за електронско банкарство, како и посебно да се внимава при онлајн трансакции, односно советуваат да се префрлуваат средства само на сметки кои им се познати. Од МВР за Алсат велат дека во изминатиот период веќе имаат добиено и неколку пријави од граѓани за ваков тип на измами.

“Секторот за компјутерски криминал има добиено околу десетина пријави. Се работи за лица кои нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат”, велат од МВР.

Дел од граѓаните со кои разговаравме се свесни дека инвестирањето во криптовалути претставува ризик за потенцијално да бидат предмет на измама.

“Јас персонално не, не сум ризикувал да инвестирам во тие платформи, но знам некои кои инвестирале, но загубија многу”, рече еден граѓанин.

„Не сум инвестирал, не сум добро запознаен со криптовалутите, така да не можам многу да коментирам„, рече еден граѓанин.

„Да, да јас се интересирам за тоа, но треба да бидеме внимателни и внимателно да постапуваме со тие работи„, додаде друг.

Експертите за сајбер безбедност велат дека најчесто измамите се случуваат поради отворање на небезбедни страници или небезбедни берзи за инвестирање со криптовалути, а иако не постои посебен уред за заштита, сепак постојат начини како може да проверите дали вашето вложување е безбедно.

Небезбедните веб-страници може да ги препознаете така што почнуваат со http, го немаат https протоколот, S е протоколот за заштита, исто така тоа важи и за берзите. Доколку берзата е на http тоа значи дека е некоја интерна и има комуникација што не е обезбедена преку тој интернет протокол. Покрај овој начин на заштита, граѓаните се советуваат и да не отвораат сомнителни линкови и документи што не доаѓаат од познати и проверени извори, бидејќи истите може да водат кон страници каде повторно можат да бидат предмет на измама.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР предупредува на зголемен број на измами…

Во последниот период се почести се измамите…

Кривична за вработена во МВР: Го оштетила…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

МВР потврди: Возила на Агенцијата за разузнавање…

Министерството за внатрешни работи потврди дека возила…

Измамен старец: Дај ми 50.000 денари, работам…

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера…

МВР предупредува: Не отварајте пораки што наводно…

Зголемен бројот на измами со фишинг-напади и…