Филипче за новата заменик-претседателка на СДСМ: Каранфилова Пановска цврсто верува во социјалдемократските вредности
Имаше одлична сила, енергија и ентузијазам видлив кај сите присутни. Ова го изјави претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче по завршувањето на 30. Конгрес на партијата што се одржа денеска.
Тој информираше дека на Конгресот била избрана нова заменик-претседателка на партијата, Фани Каранфилова Пановска.
„Таа е човек со кој јас се познавам многу долго време и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации. Најмногу во ‘Фондација отворено општество’ и соработувала со други правни субјекти што ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија“,изјави вечерва Филипче.
Тој информираше дека се избрани и нови членови на централниот и надзорниот одбор, а нивната селекција се одвивала во изминатите пет месеци.
„Се трудевме да избереме луѓе што се почитувани во своите општински организации. Имавме соодветни критериуми по кои тие аплицираа и на тој начин беа избрани. И ним им посакувам успешна работа. Познавајќи ги сите лично сметам дека ќе бидат одлични претставници на своите региони и општински организации“, ррче тој.
Според Филипче, првиот состанок на централниот одбор ќе се одржи во текот на претстојната недела и ќе бидат избрани новите членови на извршниот одбор, потпретседателите и секретарите на партијата. Со тоа треба да се заокружи целиот процес на избор на ново партиско раководство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…