Косовската опозиција побара од Гаши да запре прогонот на ветераните на ОВК во Македонија

t

Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемљи Красниќи се пофали дека вчера се сретнал со претседателот на Собранието, Африм Гаши и по тој повод истакнал дека апсењето на ветераните на ОВК во Македонија ги нарушува односите меѓу Скопје и Приштина.

Красниќи на Фејсбук навел дека албанскиот фактор во Македонија треба повеќе да се вклучи во запирање на „прогонот на ветераните на ОВК“.

„Имав особено задоволство да се сретнам со претседателот на Собранието на С. Македонија, Африм Гаши, со кого разговарав за актуелните настани во нашите две земји и за продлабочување на нашата соработка. На оваа средба ја изразив мојата загриженост за апсењето на ветераните на ОВК во С.Македонија. Овие неприфатливи постапки им штетат на нашите меѓудржавни односи. Барам тамошниот албански фактор силно да се залага за прекин на овие прогони“, побарал Красниќи.

ДПК, додаде тој, останува посветена на одржување добрососедски односи со Северна Македонија, особено со албанскиот политички спектар во координацијата на заедничките политики во корист на зајакнувањето на Албанците во регионот.

И Гаши се огласи на социјалните мрежи за средбата со Красниќи. Информира дека разговарале за најновите политички случувања во регионот, при што ја нагласил важноста на заедничкиот ангажман за справување со регионалните и меѓународните предизвици, како и за унапредување на процесот на европска интеграција, како клучни прашања за двете земји.

-Ја истакнав мојата почит кон значајната улога што Демократската партија на Косово ја одигра и продолжува да ја игра во оваа насока. Разменивме мислења за можностите за зајакнување на соработката меѓу С. Македонија и Косово, особено во рамките на пратеничката група. Во пресрет на парламентарните избори, им посакав успешен, фер и демократски изборен процес, стои во објавата на официјалниот Фејсбук-профил на македонскиот спикер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовската опозиција побара од Гаши да запре…

Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемљи…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Вучиќ: Никогаш не сме го признале Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше…

Кај манастирот Високи Дечани уапсени три лица,…

Три лица се уапсени во близина на…

Косово и Канада ќе започнат програма за…

Косовската претседателка Вјоса Османи најави дека Косово…