Доаѓаат обилни врнежи од дожд во Македонија, во овие делови викендов и снег
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
Во Скопје од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во сабота ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…