Предупредувачки истрели на израелските војници кон припадници на Хезболах во пограничната област
Израелските одбранбени сили (ИДФ), по стапувањето на сила на примирјето, испукаа предупредувачки истрели кон, како што рекоа, членови на Хезболах во селото Кфаркела во Либан, објавија израелските медиуми.
„Кан њуз“ објави дека во последниот час ИДФ идентификувала неколку возила со можни членови на Хезболах. Возилата биле во забранетата зона. Силите на ИДФ пукаа за да го спречат нивното пристигнување во областа.
ИДФ соопшти дека израелските воздухопловни сили се подготвени за акција, додека територијата на Либан и израелскиот одбранбен систем се во состојба на висока готовност.
Засега нема промени во директивите на израелската команда за цивилна заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…