МОЛК од Меџити, Гаши, Касами: Ќе го осуди ли некој СКВЕРНАВЕЊЕТО на македонското знаме?!
Политичарите Албанци молчат за вчерашните дивеења и сквернавења на македонското знаме. Никој од функционерите или опозиционерите Албанци не го осудија сквернавењето на македонското знаме.
Денот на албанското знаме вечерва се славеше организирано низ повеќе градови во Македонија. Прославата во Скопје ја одбележаа целосната блокада на центарот на градот и рафалните истрели кај трговскиот центар „Мавровка“.
Вчера на „Икс“ беше објавена и снимка за која се вели дека е направена во близина на Бит-пазар, и на која се гледа како славениците го кинат македонското државно знаме.
Револтирани граѓани на социјалните мрежи бараат одговорност и санкции за уништувањето на македонско знаме. Според Кривичниот законик, за „тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.
Во Охрид, пак, Денот на албанското знаме се славеше со специјален „перформанс“ – десетина автомобили, од кои се вееја албански знамиња, се наредија на градскиот плоштад, покрај кејот на езерото, по што тргнаа на парадно возење низ градот:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОЛК од Меџити, Гаши, Касами: Ќе го…
Политичарите Албанци молчат за вчерашните дивеења и…
Лош предзнак? Најголемото знаме на Украина се…
16 метарското знаме беше скинато на половина…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
(Фото) Поголем патриот од многу луѓе?! Куче…
Покрај сите инциденти денеска позитива на денот…
Шеснаесеткракото сонце е ОФИЦИЈАЛНО ЗНАМЕ на Општина…
Советот на општината Лозово денеска со седум…