СДСМ: Среде Скопје се случи вооружен грабеж, Тошковски нема контрола над безбедноста
Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк, велат од СДСМ.
„Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.
Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски.
Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.
Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.
Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.
Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ.
Тошковски е најнеспособниот министер во историјата и треба да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Среде Скопје се случи вооружен грабеж,…
Како во лош криминален филм среде Скопје…
(Видео) Костовски: Итна оставка од Тошковски, разрешување…
Тошковски наместо одговорност и разрешување на директорот…
(Видео) СДСМ: Власта одби уште еден амандман…
Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ одби уште…
Филипче ќе се сретне со претседателката Сиљановска…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска ќе…
Филипче: СДСМ се издигнува после секој пораз,…
Застанав на чело на партија која на…