Комбе со новинари за влакно избегна несреќа на Плетвар
Комбето што превезуваше новинари денеска од Битола и Прилеп на Плетвар за влакно избегна сообраќајна несреќа откако камион чистач на „Македонија пат“ додека претекнуваше го испрска со мразот и снегот што ги чистеше од патот.
Новинарите кои биле раскажуваат дека чистачот возел со поголема брзина и спуштени ножеви и ги претекнувал на полна линија. Му ја запишале и регистарската табличка.
„Кога снежната маса удри врз возилото, се создаде страшен звук, што помисливме дека се случи сообраќајка. Снегот и мразот што ги имаше собрано се исфрлија врз нашето возило, ништо не се гледаше низ прозорците. Нè спаси само присебноста на возачот на комбето“, велат новинарите кои се враќаа за Прилеп и Битола од одржаното неизборно собрание на ЗНМ во Скопје.
На планинскиот превој Плетвар има обилни врнежи од снег и има забрана за движење на тешки товарни возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дронови го затворија небото над Луксембург: Суспендирани…
Воздушниот сообраќај на главниот аеродром во Луксембург…
Киев може да се соочи со „вистински…
Страв од руски удари врз струјата, водата…
Удар за Европа: Арамко стопира дел од…
Европскиот енергетски пазар добива нов удар во…
„Вашингтон пост“: Пентагон јавно прикажал помал број…
Најмалку 22 припадници на американските вооружени сили…
Мицкоски во Америка со финансиска конструкција за…
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА…