СДСМ: Мицкоски ги обвинува сите, освен оние кои навистина треба да понесат одговорност

t

Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ стои зад вчерашниот настан се срамен и кукавички обид за префрлање на вината за сопствените неуспеси, велат од СДСМ.

„За жал овие обиди имаат јасна и подмолна цел – да ја покријат неспособноста на Владата и Министерството за внатрешни работи да го заштитат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

Страшно неодговорно и поразително е во ситуација на подигнати тензии наместо пораки на смирување и обединување, Мицкоски да прави политички поделби. Опасно е да се потпалуваат граѓаните кога е потребно лидерство и храброст да се смират страстите.

Наместо да се соочат со фактот дека институциите потфрлија во превенција на хаосот и да преземат одговорност, Мицкоски и неговата партија одбраа да шират паника и да манипулираат со јавноста со своето познато сценарио за дестабилзизација.

Ова е уште еден доказ за нивната неспособност да се справат со кризни ситуации, но и за опасните намери да го поларизираат општеството за политички поени. Тоа што Мицкоски го прави е оркестрирање страв за избегнување одговорност

Во изминатите месеци, Мицкоски постојано пласира сценарија за „дестабилизација“, создавајќи атмосфера на страв и несигурност. Тој сега се обидува на вчерашните настани да ја надоврзе својата приказна за хаос, обвинувајќи ги сите, освен оние кои навистина треба да понесат одговорност – него и неговата неспособна влада.

СДСМ не дозволува поларизација и манипулации. СДСМ отсекогаш работела за заштита на државните интереси, граѓаните и државноста. Нашата партија никогаш нема да дозволи да биде вовлечена во сценарија на поделби и дестабилизација.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината врз СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Ваквите обвинувања нема да ги сокријат нивните пропусти, туку само ќе го зацврстат сомнежот дека дестабилизацијата не е сценарио, туку политички инструмент на власта.

СДСМ е посветена на зачувување на мирот, безбедноста, меѓуетничките односи и соживотот во земјата. Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат на провокациите и манипулациите на власта. Ги повикуваме сите граѓаните да останат смирени и да не долеваат масло на огнот ниту да посегнуваат по било каква форма на провокации.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ итно да престанат со опасната реторика на поделби и страв, и конечно да ја преземе одговорноста што ја носи неговата функција“, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…