СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени

t

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во врска со инцидентите и палењето и кинењето на македонското знаме на неколку места низ земјава при прославата на Денот на албанското знаме. Партијата во опозиција денеска постави прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Вчера министерот Тошковски лично кажа дека МВР добило безбедносно предупредување дека се можни инциденти. Ако МВР било предупредена како што вели Тошковски зошто полицијата не презела ништо? Зошто не делувала превентивно за ескалација да не се дозволи? Зошто тогаш дозволи да се случи хаос, прашаа од СДСМ.

Од партијата на Венко Филипче додадоа дека пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени.

Тошковски вчера информираше дека има уште девет лица кои се лишени од слобода, а дел од нив се малолетници. Вкупно се приведени 17 лица.

Четири малолетници се уапсени во Скопје, од кои двајца биле поврзани со кинење на македонското знаме. Истите помагале на сторителот кој го кине знамето. Двајца малолетници се поврзани со симнување на македонско знаме од јарбол кои подоцна се пали. Три лица се лишени од слобода во Прилеп кои што го сквернават албанското знаме – еден од нив е малолетник, додека двајца се полнолетни.

Шефот на Владата, Христијан Мицкоски не размислувал за одржување на лидерска средба, но и не гледа причина за состанок со останатите претседатели на партии. Според Мицкоски, реакцијата на службите и полицијата била соодветна.

-Во регионот има деструктивни сили кои сакаат да дестабилизираат. За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лице кое го прекршило законот истакна првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити.

И ДУИ повикува на смиреност, но инсистираат на оставки од министерот за внатрешни работи и неговиот заменик. Во спротивно најавија интерпелација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…

СДСМ бара лидерска средба со сите парламентарни…

Македонското општество се наоѓа пред важен тест…

СДСМ бара лидерска средба, Мицкоски ќе размисли

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара да се…

(Видео) Разбојниците имале и експлозив! Детали за…

Министерството за внатрешни работи излезе со детали…

СДСМ: Бегање од одговорност и кукавички обид…

Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ стои…