На протестите во Тбилиси приведени 224 лица
Вкупно 224 лица се приведени на протестите одржани во Тбилиси изминатите денови поради „ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со палење предизвикале материјална штета и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
– Како резултат на незаконските и насилни дејствија на учесниците на синоќешниот собир повредени се 21 вработен во МВР. Некои жртви се здобиле со тешки телесни повреди на главата, лицето и телото. Во последните дејствија нарушено им е здравјето на вкупно 113 службеници на МВР, од кои четворица се уште се во медицински установи, се наведува во соопштението.
Грузиското МВР истакнува дека и покрај постојаните предупредувања, за време на протестот некои учесници ја оштетиле зградата на Парламентот и инфраструктурата лоцирани на авенијата Руставели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…
Црногорската влада воведе санкции против Белорусија
Владата на Црна Гора денес одлучи да…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Бочварски: Не се знае до кога ќе…
Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…
Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…