ДКСК примила претставка за директорката на АР – дали наводите се точни или не, ќе утврдува Сиљановска Давкова
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница соопшти дека примила претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, во која се тврди дека не доставувала редовни извештаи за работата на Агенцијата до различни државни институции. Дали овие наводи се точни или не, ќе утврди претседателката на државата.
„Според Законот за Агенцијата за разузнавање, член 3, став 2, е предвидено дека Агенцијата треба да ги известува органите на државата како што се претседателот на Собранието, Владата, премиерот, како и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, во зависност од предметот на работата. Претставката се однесува на тоа дека директорката не доставила информации за своето работење до Собранието, а размената на податоци во согласност со законот зависи од интересот на самото работење“, изјави Цвета Ристовска, член на ДКСК.
Ристовска додаде дека ДКСК не може да се впушта во процена дали комуникацијата и размената на податоци помеѓу Агенцијата и другите институции се во согласност со законот. За тоа, надлежност има претседателката на државата, која ќе оцени дали комуникацијата помеѓу институциите е согласно потребите и динамиката утврдена од Агенцијата.
ДКСК одлучи да го препрати предметот на решавање до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која има надлежност над Агенцијата за разузнавање.
На седницата беше разгледана и друга претставка која се однесуваше на вработен во Агенцијата за разузнавање, кој наводно на Фејсбук објавил фотографии од партиски штаб за време на парламентарните избори. Овој случај, исто така, не ќе биде разгледуван од страна на ДКСК, туку ќе биде испитан од внатрешната контрола на Агенцијата за разузнавање, која ќе утврди дали наводите се точни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…
Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…
ДКСК примила претставка за директорката на АР…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ДКСК се уште постапува по пријавите за…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
ДКСК го блокира назначувањето на нови членови…
Антикорупциската комисија донела одлука да се стават…
Од Антикорупциска велат дека тие не се…
Постапувањето на Државната комисија за спречување на…