Левица: ДПМНЕ му сврте грб на народот – Одбиени сите амандмани на Левица, дури и за изградба на Чебрен!
Одбивањето на сите предложени амандмани од страна на Левица за Буџетот за 2025 година претставува чин на крајна политичка ароганција и негрижа за приоритетите на граѓаните. Во време на комплексни енергетски, економски и еколошки кризи, кога народот се бори за основна егзистенција, ДПМНЕ одлучи да ги игнорира решенијата кои беа понудени како дел од овие амандмани, стои во реакцијата на политичката партија Левица.
– Предлозите на Левица беа суштински – започнување со изградба на повеќе од 30 години најавуваната хидроцентрала „Чебрен” за енергетска независност, ревитализација на депониите за чиста животна средина, поддршка за земјоделците против монополите кои ги уништуваат нивните животи, изградба на амбуланти, студентски домови, колекторски системи и многу повеќе. Секој проект е директно решение за реалните проблеми со кои се соочува народот.
Овие амандмани не беа само декларативни, туку изразуваа реална грижа за најгорливите проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Наместо конструктивен дијалог, визионерство и поддршка за овие важни иницијативи, ДПМНЕ покажа дека за нив е поважно да блокираат сè што не произлегува од нивната партија – дури и по цена на штета за иднината на земјата.
Одбивањето на овие предлози испраќа јасна порака дека интересите на граѓаните се ставени во втор план пред партиските калкулации. Наместо да се обединат околу решенија за подобро утре, ДПМНЕ одбра да го сврти грбот кон иднината на сите нас, иако дел од предложените проекти и мерки беа дел и од предизборните ветувања на актуелната власт.
Граѓаните заслужуваат транспарентна, одговорна и проактивна политика која ќе ја стави благосостојбата на народот над теснопартиските интереси. – соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: ДПМНЕ му сврте грб на народот…
Одбивањето на сите предложени амандмани од страна…
Цел живот ќе работиме… Фискален совет предлага…
Фискален совет предлага покачување на старосната граница…
Левица: Македонска платформа за да не се…
„Левица не само што ги осудува инцидентите…
Властите потфрлија иако имале информации за дестабилизација,…
Властите имаа цели 5 месеца да ја…
Левица: Крајна неспособност и кукавичлук на Тошковски,…
Левица бара оставка од министерот за внатрешни…