Ќе падне уште една влада во Европа?
Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските партии во францускиот парламент денеска поднесоа предлог за гласање недоверба на владата, откако премиерот Мишел Барние одлучи да го искористи членот 49.3 од францускиот Устав за да се реализира усвојувањето на буџетските мерки без глас.
Барањето за смена на владата ќе се гласа во среда, а доколку биде усвоено, Барние ќе биде принуден да поднесе оставка по само два и пол месеци на чело на владата, објави „Гардијан“.
Барањето за гласање доверба на владата го поднесе Новиот народен фронт (НФП), левичарска коалиција во која се социјалистите, Зелените, крајната левица и Комунистичката партија.
Марин Ле Пен, пратеничка и лидер на екстремно десничарското Национално собрание (РН), денеска го зголеми притисокот врз владата со најава дека и нејзината партија поднесува барање за недоверба. Заедно, НФП и РН имаат доволно пратеници за да ја соборат владата.
Претходно денеска, Барние се повика на член 49.3 од Уставот за да наметне контроверзен нацрт-буџетски мерки без одобрение од парламентот, откако РН му даде рок до денес да направи измени на предложениот предлог-буџет и се закани дека во спротивно ќе го поддржи предлогот за недоверба влада.
Во неделата Барние се откажа од планираното зголемување на даноците за електрична енергија, но Ле Пен рече дека тоа не е доволно.
Францускиот претседател Емануел Макрон би можел да побара од партиите, доколку владата падне, да побараат ново коалициско мнозинство или да назначат строго технократска влада, доведувајќи ги надворешни лица да управуваат со земјата до новите парламентарни избори во лето.
Општите избори во Франција не можат да се одржат во рок од 12 месеци од претходните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе падне уште една влада во Европа?
Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските…
Имаат образ да коментираат? Оставката на Дамева…
Владата смета дека единствено исправната и неопходна…
Новата Европска комисија почна со работа: Калас,…
Новата Европска комисија денеска официјално почна со…
Трамп го именуваше свекорот на ќерка му…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи…
Евробарометар: 56% од македонски граѓани имаат доверба…
Мнозинството граѓани на Македонија или 56 отсто…